Нов „кикс“ на Арсенал, Ливерпул „преживеа“ со играч помалку (ВИДЕО)

Екипата на Арсенал на домашен терен одигра само без голови против Евертон, и така го направи вториот „кикс“ по ред во Премиерлигата, откако минатото коло одигра 1-1 против Фулам.

Токму Фулам ова коло беше пред сензационална победа на „Енфилд“ против Ливерпул, меѓутоа не успеа да го материјализира фактот што „црвените“ играа со играч помалку уште од раната фаза на мечот, кога Робертсон во 17. минута доби црвен картон, а згора на тоа Фулам имапше водство уште од 11. минута.

Гакпо успеа да израмни на стартот од вториот дел по асистенција на Салах, која ја запиша 100-тата асистенција во Премиерлигата. Меѓутоа нов шок за „црвените“ кога Муниз во 76. минута донесе нова предност за тимот од Лондон.

Сепак, во 85. минута Диого Жота успеа одново да донесе „егал“, но Ливерпул не усепа да дојде и до пресврт и до победа на овој меч.

Њукасл со 4-0 го совлада Лестер. Марфи два пати, Гимараеш и Исак беа стрелци на головите, додека Ипсвич го шокираше Вулверхемптон во битката за опстанок, и го совлада со 1-2.

Standings provided by Sofascore

 

 

Се вчитува...