Иако имаше играч повеќе во дуелот со Мајорка, тимот на Џирона на Бојан Миовски не само што не успеа да победи, туку на крајот и го загуби натпреварот со 2-1.
Џирона имаше предност во 7. минута со голот на Ван де Бек. Ларин во 20. минута израмни, и потоа Мајорка остана со играч помалку по исклучувањето на Ведат Муричи.
И кога се чинеше дека е тоа полн погодок за гостите, сепак, домашните со вториот гол на Ларин во 51. минута стигнаа до водство и до победата. Вториот гол беше огромна грешка на одбраната на тимот кој настапува во Лигата на шампионите.
Бојан Миовски не игра поради повреда и ќе биде во аут до крајот на годината.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА