Ракометарите на Еурофарм Пелистер му вратија на Вардар за поразот од Скопје, и вечерва во Битола до добија дербито со 35-33. Се чини клучно беше првото полувреме во кое битолчани стигнаа до +9, но во вториот дел тие целосно потфрлија, па Вардар во еден миг стигна и до само еден гол негатива, но не успеаја со целосниот „кам-бек“.
Почетокот на натпреварот се играше гол за гол, а првата опиплива предност Е.Пелистер ја направи кога дојде на 8-4. Сепак, „црвено-црните“ се држеа некако се до крајот, кога попуштија во одбраната, па така Пелистер во последната секунда стигна и до највисоките девет разлика, благодарение на катастрофалното издание во дефанзивата на „црвено-црните“.
Во првиот дел царуваше Филип Кузмановски кој постигна седум гола, а осум одбрани имаше Митревски.
Вардар дефинитивно се разбуди во вториот дел. Ја консолидираше одбраната, не дозволуваше лесни голови како во првото полувреме, во нападот беше ефикасен, и полека ја стигнуваше разликата. Во еден момент стигнаа и до -2 (31-29), на осум минути до крајот на средбата, и шанса да се извлече.
Пелистерци како предвреме да чекаа крај на мечот, иако имаше уште многу. Сепак, брзо Пелистер дојде до два гола по две грешки на Вардар, и до предност од четири гола.
Грешките на Пелистер продолжија, па Вардарци одново стигнаа до -2, а потоа и до -1 на две минути до крајот на мечот. Радивојевиќ од крило погоди и ги врати +2. Потоа нападот на Вардар погреши, па на крај тие беа доволни за победа.
Радивојевиќ постигна 13 гола, Кузмановски осум, а Митревски имаше 12 одбрани. Кај Вардар Крсманчиќ постигна девет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА