Работнички ја доби драмата со Гостивар

Кошаркарите на Работнички дојдоа до победа од 77-76 над екипата на Гостивар во 10. коло од кошаркарската Прва лига во мечот одигран во „Кале“.

Работнички пропушти можност натпреварот да го одведе до мирен крај, па во финишот Гостивар имаше негатива од два разлика и промаши напад за да израмни или да поведе, по што потоа домашниот тим изведе две слободни фрлања.

Во последниот напад, кога Работнички влезе со +4, Соколов со звукот на сирената погоди тројка, иако гостите бараа и дополнително слободно фрлање, сепак не го добија.

Хемптон со 21 поен и 13 скока се истакна кај Гостивар, додека Полутак кај Работнички постигна исто така 21 поен.

Се вчитува...