Јувентус од пенал спаси пораз со последната Венеција (ВИДЕО)

Иако водеше од 19. минута, и се чинеше дека работите се на свое место, сепак, Јувентус на крајот освои само еден бод во дуелот со последнопласираната Венеција, иако лесно можеше да остане и без бод, со оглед дека гостите беа пред победа, а тимот од Торино се спаси во судиското надополнување.

Гати во 19. минута на асистенција на Турам успеа да го израдува Торино и да донесе водство, резултат кој беше актуелен по првиот дел.

Во второто полувреме во 61. минута Елертсон погоди за израмнување. Но, се чинеше дека никој не е загрижен, затоа што имаше уште повеќе од 30 минути да Јувентус дојде до победа.

Но, нов огромен шок во 83. минута откако Идзес успеа да го совлада Ди Грегорио. Сепак, Влаховиќ во четвртата минута од судиското продолжение од пенал донесе израмнување, и ново реми за Јувентус во Серија „А“.

Се вчитува...