Анчелоти: Не ни беше досуден чист пенал

Реал Мадрид испушти шанса да го превземе тронот во Ла Лига ремизирајќи со 3-3 во малото градско дерби против Рајо Валекано во 17. коло.

По крајот на средбата критика до судиите испрати тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти кој смета дека не бил досуден пенал врз неговиот напаѓач Винисиус Џуниор.

„Пеналот кој не беше досуден над Винисиус беше чист пенал. Не играше од стартот поради тоа што играше 90 минути во Бергамо, но кога влезе во игра, имаше добар натпревар“, изјави Анчелоти.

Како што вели Анчелоти ремито не го прави нервозен бидејќи во тимот се вратија од повреди Родриго и Камавинга, а наскоро се очекува да се врати и Алаба што наговестува подобра 2025 година.

„Ова реми не ме прави нервозен. Бев лут по реми пресметките со Мајорка и Лас Палмас. Овојпат покажавме карактер, го имаше истиот пристап од лани. Се врати најдобриот Родриго, ни се врати Камавинга, набрзо ќе се врати и Алаба. Гледам многу добри нешта за нас во 2025-та година“, додаде искусниот стратег.

Се вчитува...