Десеттото реми во италијанското првенство, овој пат издвојувано против „фенерџијата“ Венеција наиде на големо незадоволство кај најверните навивачите на Јувентус кои по крајот на средбата која заврши со 2-2 ги „построија“ фудбалерите во „црно-бело“.
Еден од оние кои не му се допадна односот и тоа го изрази јавно е Душан Влаховиќ, српскиот репрезентативец кој во 95. минута со гол донесе реми за својот тим. Напаѓачот влезе во конфликт со навивачите по крајот на средбата, а соиграчите го задржаа да не се приближи до трибините и да предизвика уште поголем немир.
VIDEO DIRETTAMENTE DALLO STADIO DEL PRESUNTO LITIGIO.
Grazie a @labiondajuve pic.twitter.com/njjqGKj5Vc
— Mary Di Dio (@marydidio_) December 14, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА