Кошмарот за Филаделфија и новајлиите одбрани на драфтот продолжи и оваа сезона. Данокот од „проклетството“ го зема Џеред Мекејн, 16-тиот пик за кој се чини дека сезоната е завршена.
Бекот заработи кинење на менискусот на коленото на левата нога во поразот од Индијана и ќе мора да помине низ оперативен зафат, потврди и самата Филаделфија.
Засега останува непознато колку точно тој ќе отсуствува од теренот, но прогнозите не се воопшто добри. За целосно закпренување ќе му биде потребна пазуа до крајот на сезоната.
Со тоа продолжи „проклетството“ кое ја следи Филаделфија па Мекејн кој на 23 одиграни натпревари бележеше просек од 15.3 поени тргна по стапките на Бен Симонс и Џоел Ембид кои заработуваа тешки повреди во првата сезона во НБА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

