Манчестер Сити води со 1-0 на полувреме од градското дерби против Манчестер Јунајтед во дербито на 16. коло во Премиерлигата.
До водство „граѓаните“ стигнаа во 36. минута преку хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол кој ја затресе мрежата на Онана со глава од шестнаесетникот.
JOSKO GVARDIOL GOALLLL KEVIN DE BRUYNE ASSIST THAT WAS AN ABSOLUTELY INSANE GOALL HOLD UNITEDDDpic.twitter.com/FL0E9zYRDh
— 17 (@DxBruyneSZN) December 15, 2024
По голот на домаќините на теренот беше видена и голем тензија откако во „клич“ влегоа искусниот Кајл Вокер и младиот Расмус Хојлунд. Ситуацијата не ескалираше, но фудбалерите на Сити и Јунајтед добија жолт картон како предупредување за однесувањето.
Kyle Walker that is embarrassing…😡 pic.twitter.com/s33eW5klsr
— The 44 ⚽️ (@The_Forty_Four) December 15, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА