Брун Ларсен ја замолкна „Сигнал Идуна“, Борусија Дортмунд одново загуби бодови

Борусија Дортмунд го забележа четвртото реми во Бундеслигата откако во 14. коло на домашен терен ремизираше со Хофенјм со 1-1.

Мрежите мируваа во првото полувреме, а првиот гол беше постигнат по само една минута игра во вториот дел. Во 46. минута Рејна донесе предност од 1-0 за домаќините, а за трите бода да не останат на „Сигнал Идуна“ се погрижи Брун Ларсен кој ја затресе мрежата во првата минута од судиското продолжение.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...