„Шах-мат“ во две минути: Манчестер е „црвено-бел“

Дербито за Манчестер во 16. коло од Премиерлигата заврши со победа на Манчестер Јунајтед кој на „Етихад“ славеше со 1-2 против Манчестер Сити и тоа по голем пресврт пред самиот крај на средбата.

Манчестер Сити имаше водство уште од 36. минута кога мрежата ја затресе Јошко Гвардиол, а и комплетна контрола се до 88. минута кога киксот на Матеуш Нуњез го искористи Амад да изнуди пенал.

Фернандеш реализираше за 1-1, а само две минути подоцна, Адам одново се најде на вистинското место во вистинското време, овој пат сам совладувајќи го Едерсон за големо славје на „црвено-белиот“ дел од градот.

Се вчитува...