Бетис стави крај на серијата без победи и приреди сензација во 17. коло од Ла Лига славејќи на гостувањето кај Вилјареал со 1-2 и тоа со фудбалер помалку.
Натпреварот го отвори Витор Роке со гол во 32. минута, а само две минути подоцна директен црвен картон заработи Авила. И тоа не ги спречи гостите да постигнат втор гол во 47. минута преку Ло Селсо за 0-2. Баерна успеа да намали на 1-2 во 55. минута, а овој резултат остана на семафорот до самиот крај.
Кикс забележа и Реал Сосиедад кој одигра 0-0 против Лас Палмас.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА