Барселона претрпе тежок пораз во 17. коло од шпанското првенство откако на домашен терен загуби од Леганес со 0-1.
Стрелец на единствениот гол беше капитенот Серхио Гонзалез кој ја затресе мрежата уште во 4. минута од средбата. Заслуга за победата оди и на рака на српскиот голман Марко Дмитровиќ кој беше на врвот на својата задача.
¡FINAAAAAAAAAAAAAAAAAAALLLLLL EN BARCELONAAAAAAA! ¡+3! ¡¡SÍIIIIIIIII!!¡¡VAAAAAAAMOS LEGAAAAAAAA!! pic.twitter.com/YVyI9Cdsbx
— C.D. Leganés (@CDLeganes) December 15, 2024
За Барселона тоа е четврти пораз во сезоната, втор во последните пет натпревари. Каталонците остануваат на првата позиција на табелата со 38 бодови, но имаат и натпревар повеќе од Атлетико Мадрид и Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА