Лука Дончиќ го одигра најдобриот натпревар во досегашниот дел од сезоната и деветти пат во кариерата оствари трипл-дабл учинок на кој постигна најмалку 40 поени. Неговиот фантастичен учиник го доведе Далас до триумф од 143-133 во натпреварот со Голден Стејт, натпревар кој ќе остане запомнет во историјата по рекордниот број на погодени обиди за три поени.
Словенецот средбата ја заврши со 45 поени, 11 скокови и 13 асистенции со што воедно ја продолжи и серијата на фантастични игри крунисани со трипл-дабл.
На денешната средба беа постигнати 48 тројки од кои 27 од страна на кошаркарите на Голден Стејт, а 21 на Далас, што е нов рекорд надминувајќи го оној од 2023 година на натпреварот помеѓу ЛА Клиперс и Сакраменто за четири повеќе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА