Капитенот со пофалба: Амад е незапирлив

Манчестер Јунајтед на крилја на „јунакот од сенак“, Амад Диало забележа гостински триумф на „Етихад“ против Манчестер Сити славејќи со 1-2 во натпревар во кој направи целосен пресврт во 88. и 90. минута.

Младиот 22-годишен фудбалер прво изнуди пенал, потоа и самиот го матираше Едерсон, а по натпреварот доби и пофалба од капитенот Бруно Фернандеш.

„Кога Амад е ваков тој е незапирлив. Од него сакаме да продолжи да работи вака, тоа и што го прави. Фантастично е тоа што го направи, но верувам дека може да го прави тоа и на секој натпревар. Ваков го сакаме од недела во недела“, изјави Фернандеш.

Се вчитува...