Фудбалерот на Фиорентина Едоардо Бове се огласи по немилиот инцидент откако загуби свест на дуелот против Интер во Серија А.
Бове истакна дека се чувствува добро и дека поддршката од навивачите и соиграчите му помогнала да се рехабилитира откако беше ставен на медицинска кома.
„Во ваквите моменти сфаќам дека овој спорт е вистински и сите ние освен резултатите, натпреварувањата и ривалствата сме поврзани. Поврзани со врска која е еднаш створена, после предизвикувачки времиња постанува готово нераскинлива.
Поддршката која ја добив, топлината на навивачите, соиграчите и противниците и близината на целиот фудбалски свет ми даде неверојатна сила и храброст. Опкружен сум со позитивна енергија што ми помага да останам смирен и да не чувствувам самост која често доаѓа во вакви моменти“, пишува во објавата на Бове.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

