Навивач на Сити почина за време на мечот со Јунајтед

Навивач на Манчестер сити починал на „Етихад“ за време на градскиот дерби натпревар со Јунајтед во Премиерлигата.

„Еден наш навивач почина откако на вчерашниот натпревар му беше укажана медицинска помош. За жал, не успеа да го спаси неговиот живот“ – се вели во соопштението од Манчестер сити.

Според зборовите на очевидците на навивачот му се слошило веднаш по влегувањето на стадион. И покрај брзата реакција на медицинските служби не успеа да се спаси неговиот живот.

„Лекарите се обидуваа да го оживеат околу 20 минути, а потоа беше однесен со возило на брза помош. Сите бевме потресени од глетката“ – сведочат дел од присутните навивачи.

Се вчитува...