Познатата коментаторка и поранешна англиска играчка на крикет Иса Гуха и се извини на јавноста за нејзиниот непримерен израз додека зборуваше за индискиот првотимец Џасприт Бумра.
Иса работи за Би-Би-Си, но спорната изјава беше во етерот на австралискиот Фокс додека го коментираше натпреварот Австралија – Индија.
„Зарем тој не е МВП? Највреден примат – Јасприт Бумра. Тој е тој што ќе ги направи сите разговори за Индија, затоа во најавите за мечот фокусот беше на него, особено на неговата физичка подготвеност“, изјави Гуха.
Иронично, Иса има и индиско потекло, бидејќи нејзините родители дошле во Англија од Калкута пред таа да се роди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА