Милан со ново-стар тренер ја почнува 2025 година?

Милан во последно време наидува на големи критики поради играта и резултатите. Ремито со Џенова на „Сан Сиро“ за време на прославата на 125 годишнината од клубот, ја прели чашата кај навивачите, кои незадоволни ги исвиркаа челните луѓе на клубот, вклучувајќи го и иконата Златан Ибрахимовиќ.

Дека во Милан нешто чудно се случува, е одбивањето на Паоло Малдини да присуствува на роденденот, а исто така од клубот не го повикале Звонимир Бобан.

Сега се шпекулира дека во новата година Милан ќе влезе со нов тренер. Пауло Фонсека наводно ќе добие отказ, а на негово место ќе дојде добро познато име. Станува збор за Масимилијано Алегри, кој по заминувањето од Јувентус, е без ангажман.

Алегри еднаш седеше на клупата на Милан од 2010 до 2014 година, и освои едно Скудето пред да замине во Јувентус, каде што дополнително се прослави. Меѓутоа по враќањето во Торино, не беше толку успешен, па на крајот на минатата сезона доби отказ од „бјанконерите“.

Се вчитува...