Сите натпревари во Евролигата ќе почнат со минута молчење поради Тимa

Летонскиот кошаркар Јанис Тима почина во вторник и во негова чест ќе се одржи едноминутно молчење на сите натпревари во Евролигата. 

„Евролигата жали за летонскиот кошаркар Јанис Тима, кој почина во вторникот. На сите натпревари од 16. коло во Евролигата, и 12. коло во Еврокупот ќе се одржи едноминутно молчење во негова чест“, велат од Евролигата.

Тима играше во Басконија, Олимпијакос, Химки и Уникс, а играше и за развојниот тим на ЛА Лејкерс.

Беше најдобар млад играч во ВТБ лигата. За репрезентацијата на Летонија настапи на 56 натпревари и постигна 9,2 поени по натпревар.

Се вчитува...