Фудбалската асоцијација на Англија не ја уважи жалбата на Тотенхем за Родриго Бентанкур.
Играчот од средниот ред на лондонскиот тим беше суспендиран на 7 натпревари поради шега за Корејците направена во интервју во јуни.
Во видеото се гледа како водителот го бара од Бентанкур дресот од неговиот соиграч.
„Сони? Може да биде дрес и од неговиот братучед. Сите тие изледаат исто“, рече тогаш Бентанкур.
ФА на Англија оваа шега ја оцени како расиситчка. Тотенхем ја обжали одлуката со надеж дека ќе се намали суспензијата. На сослушувањето играчот го нарече својот говар „сарказам“.
Со тоа останува суспензијата на Бентанкур од седум меча.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА