Допингот на Мудрик бил откриен по меч на Украина: Не сум земал никогаш ништо свесно

На украинскиот фудбалер Михајло Мудрик му се заканува суспензија откако бил позитивен на тестот за мелдониум.

Челси претходно ја потврди информацијата за позитивниот допинг тест за украинскиот играч, истакнувајќи дека играчот „никогаш свесно не користел никакви забранети супстанци“.

Мудрик имал позитивен тест по настап на украинската репрезентација во ноември. Тој привремено е суспендиран од фудбалот.

Украина во ноември играше против Грузија во Батуми и против Албанија во Тирана.

Во меѓувреме тој се огласи на социјалните мрежи и кажа дека е во шок, и дека никогаш никогаш не земал нешто на своја рака свесно.

Се вчитува...