Долгонајавуваното ново фудбалско клупско натпреварување во Европа, Суперлигата и натаму е „жива“ како идеја. Од компанијата организатор на лигата информираат дека веќе е побарано од УЕФА и од ФИФА признавање на новото натпреварување.
Од компанијата „А22“ која стои зад проектот велат дека е испратен допис до најголемите фудбалски институции, за почеток на натпреварувањето, зад кое сега стојат Реал Мадрид и Барселона, а ќе биде под името „Јунифај лига“.
Според новиот формат, лигата ќе има 96 клубови кои ќе бидат поделени во четири лиги и на врвот ќе биде најсилна дивизија која ќе има 16 клубови (Ѕвездена), потоа следи „Голд Лига“ исто така со 16 клубови, па „Блу Лига“ каде што ќе има 32 клуба и Унион Лига последна со 32 клуба.
🚨 Breaking: The European Super League has relaunched as ‘The Unify League’. New format will have annual qualification. The proposal now as four tiers (star, gold, blue and ‘union’). A22, promoters of the league, haven also written to UEFA asking for official endorsement.
— Ben Jacobs (@JacobsBen) December 17, 2024
Натпреварите ќе може да се следат бесплатно на стриминг платформа каде што ќе има реклами, а ќе има можност и за гледање без реклами, но истата ќе се доплаќа. Квалификациите за учество во оваа лига, ќе се базираат на резултатите од домашните национални првенства.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА