Шекил О’Нил: Кари ја уништи кошарката!

Легендарниот НБА центар Шекил О’Нил кој остана во кошарката како стручен коментатор по крајот на богатата кариера даде свое мислење за падот на популарноста и гледаноста на најсилното кошаркарско првенство.

Според популарниот Шек за тоа „виновен“ е Стеф Кари кој ја промени кошарката со обидите за три поени.

„Имам теорија. Гладаноста падна бидејќи постојано го гледаме истото. Денеска сите тимови само шутираат тројки. Сите ги прават истите потези во прокелтото подрачје зад линијата за три поени, со дриблинг и чекор наназад. А, гледаноста ќе продолжи да паѓа доколку не го ватиме тоа што го правевме ние порано“, изјави Шек заклучувајќи „Кари ја уништи кошарката“.

Се вчитува...