Јувентус рутински стигна до место во четвртфиналето од Купот на Италија откако „старата дама“ вечерва лесно славеше на домашен терен над Калјари со 4-0. „Црно-белите“ се мачеа со овој ривал во домашното првенство, но вечерва знаеја како да го скршат отпорот на гостинот од Сардинија, на крајот стигнувајќи до убедлива победа.
Клучен момент беше првиот гол на Јувентус што пред крајот на полувремето го постигна Душан Влаховиќ, српскиот напаѓач одлично се снајде во шеснаесетникот и со помош на дирекот ја смести топката во мрежата.
Гостите мораа да ја отворат својата игра, а Јувентус знаеше како да го искористи тоа, Копмајнерс постигна еврогол од слободен удар за 2-0, а во финишот меѓу стрелците се запишаа и Консеисао и Нико Гонзалез.
Противник на Јувентус во четвртфиналето од Купот на Италија ќе му биде тимот на Емполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА