Црвена Звезда го продава својот талент на Ливерпул за 20 милиони евра

Еден од најталентираните играчи во Европа, и најталентиран во Србија Андрија Максимовиќ најверојатно ќе стане најскапиот фудбалер во историјата на Црвена Звезда.

Талентираниот 17-годишен фудбалер, на маса има неколку понуди од гигантите. Тој го сврте вниманието кон себе со настапите за белградскиот клуб во Лигата на шампионите. Така „црвено-белите“ се подготвени да го продадат за сума од 20 милиони евра.

Српските медиуми пренесуваат дека Максимовиќ е најблиску да го облече дресот на Ливерпул. „Црвените“ наводно ја завршуваат работата во Белград, и уште во јануарскиот преоден рок Србинот ќе може да се пресели на „Енфилд“.

Постои можност да остане на позајмица до крајот на сезоната, а потоа од следната целосно да се пресели во Премиерлигата.

Се вчитува...