Иако има договор до 2028 година со Манчестер Јунајтед, како што стојат работите Маркус Рашфорд ќе го напушти клубот уште во јануарскиот преоден рок, во трансфер вреден 50 милиони фунти.
Рашфорд ги разбуди страстите во Англија, откако неодамна кажа дека е подготвен за нов предизвик во кариерата. Веднаш за него интересн пројавија неколку клубови, но медиумите од Англија тврдат дека веќе е познато каде ќе ја продолжи кариерата.
Неговиот нов клуб ќе биде Ал Итихад, чиј тренер е Лорен Блан, екс играчот на Манчестер Јунајтед. Иако летоска се збореше за интерес од Арсенал, Барселона, ПСЖ, сепак, Рашфорд остана во Јунајтед, меѓутоа се поизвесно е дека кариерата ќе ја продолжи надвор од Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА