Ден „Д“ за „куќата на кошарката“

Се е подготвено за денешното Собрание на Кошаркарската Федерација на Македонија, кое според најавите воопшто нема да мине во мирна атмосфера како што тоа беше случај со претходните собранија под водство на Перо Антиќ како претседател.

Кошаркарската легенда за првпат се соочува со она што неговиот претходник Петар Наумоски го имаше како честа борба во својот мандат – иницијатива за смена на претседателот. Иако истата не е официјално поднесена, информациите велат дека Иницијативниот Одбор токму денеска ќе тргне во акција за менување на Антиќ, преку гласање на недоверба на актуелното раководство на федерацијата.

Впрочем, најава за тоа беа соопштенијата и препукувањата на двете страни во последните два дена, со што се разгоре битката за тронот на мак-баскетот.

Кошарката секако ни е во фаза на слободен пад, па она што навистина не е потребно се нови скандали, затоа Собранието нека мине во нормална атмосфера, како што доликува на спортот кој носеше многу радости во минатото…

Се вчитува...