Украинскиот фудбалере Михаил Мудрик одлучи да го следи примерот на Пол Погба , откако вчера стана јасно дека Украинецот бил позитивен на допинг тест и е привремено суспендиран од фудбалот.
Според Телеграф, Украинецот решил да се обрати за заштита на адвокатската канцеларија Морган спорт, која застана зад Погба за време на случајот против него и му донесе намалување на казната од 4 години на 18 месеци.
Мудрик се соочува со истата закана да биде казнет во период од 4 години. Челси веќе му забрани на Михаил да тренира на клупските терени, но во исто време му ја гарантира потребната поддршка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА