Повремениот македонски репрезентативец Тодор Тодороски, зимава многу веројатно ќе има нов клуб. Речиси сигурно заминува од Политехника Јаши. Романските медиуми пишуваа дека тимот на него нема да смета, и дека ќе го пушти да си бара нов клуб во јануари.
Пред неколку дена се појавија информации за интересот на Вардар, меѓутоа сега во трката за потписот на десниот бек влегува и тимот на Неа Саламис, предводен од поранешниот тренер на „црвено-црните“ и екс селекторот Чедомир Јаневски.
Јаневски добро ги познава квалитетите на Тодороски, со оглед дека му беше тренер во времето од Вардар во 2017/18 година.
Тодороски има шест настапи за националниот тим на Македонија, но во последно време не е во плановите на селекторот Благоја Милевски. Во минатото играше за Сумгаит, Серед, Раднички Ниш, Осијек, Вардар, Металург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА