КФСМ: Барањето за смена на претседателот е спротивно на статутот

Тензично стартуваше годишното собрание на Кошаркарската федерација на Македонија. Откако претставникот на третолигашот МКК Вардар побара разрешување на претседателот Перо Антиќ и ставање точка на дневен ред за гласање негова доверба, стигна одговор од правниот тим на федерацијата.

Како што велат разрешување на претседателот е нестатутарно бидејќи нема основа според Статут да се смени избран претседател во неговите први две години.

„Во однос на одредени правни прашања. Гледам дека има одредени предлози, но мора да кажам дека се спротивни од деловникот. Неспорно е дека претставниците може да предложат промена на Дневниот ред, но тој денеска да се гласа е спротивен според член 18. Материјалот се доставува најмалку 15 дена пред одржување на седницата. При образложувањето на самиот предлог беа изнесени одредени наводи за кои нема докази и зошто се оспорува сето тоа. Во овој момент ако се продолжи седницата, би се направило апсолутно прекршување на член 18 бидејќи претставниците немаат материјали и не се запознаени. Тоа што се дискутира како спорно во однос на полномоштвата. Во поглед на предложените променети точки тие не можат да бидат гласани, самата содржина за промена на претседателот исто така е спротивно на Статутот на претседателот, бидејќи промена на претседателот не е можна во првите две години од неговиот избор“, истакнаа од правниот тим на КФСМ на денешното Собрание.

Се вчитува...