За американската скијачка Микаела Шифрин сосема извесно завршена е скијачката сезона порано од очекуваното.
Како што пренесуваат американските медиуми, дополнително се искомпликува повредата на Шифрин која, и покрај желбата да ја надмине бројката од 100 победи оваа сезона, најверојатно ќе биде приморана да ја заврши сезоната.
„Не се одвиваат нештата согласно желбите и посакувањата. Мислам дека доколку не се повредев ќе ја остварев планираната цел. Но, сега моето враќање на скијачките патеки зависи од тоа како ќе се одвиваат нештата во следните недели“ – изјави Шифрин.
Како што е познато, 29-годишната скијачка се повреди при пад на трка, при што се здоби со расекотина на стомакот и повреда на карличните мускули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА