На 70-годишна возраст денеска во Виена почина поранешниот селектор на Австрија, Дитмар Константини.
Константини ја водеше репрезентацијата на Австрија во два наврати, како привремен селектор во 1991 и во 1992 година, а потоа и во периодот од 2009 до 2011 година водејќи го националниот тим на 23 натпревари.
Покрај австриската селекција, Константини беше и тренер на ЛАСК Линц, Тирол, Мајнц, Австрија Виена и Пашинг.
Неговото семејство во 2019 година соопшти дека боледува од деменција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА