Евролигата ја казни Црвена Звезда со 17.000 евра

„Братското“ дерби во Евролигата помеѓу Црвена Звезда и Олимпијакос ќе го чини белградскиот клуб 17 илјади евра во казни, објави казнената комисија на најсилното европско кошаркарско првенство.

Казната за Црвена Звезда доаѓа поради недозволеното однесување на навивачите и нивното дивеење, палење на факели, фрлање на предмети и навредливо скандирање.

Црвена Звезда како утеха ќе ја има убедливата победа од 87-73 која е осма во сезоната. Со неа „црвено-белите“ се искачија на десеттата позиција на табелата.

Се вчитува...