Карло Анчелоти не ја криеше гордоста од оствареното откако ја продолжи жетвата на трофеи со Реал Мадрид, вечерва стигнувајќи и до пехарот во Интерконтиненталниот куп по победата над Пачука од 3-0.
Најтрофејниот европски клуб сезонава стигна и до нова круна во Лигата на Шампионите, а Анчелоти со право е горд на резултатите што ги забележа во годинава што изминува.
„Ова беше фантастична година за Реал Мадрид. Имавме толку многу проблеми со повреди, но завршивме како што треба, освоивме уште еден пехар и очекувам да продолжиме во ист стил и во 2025 година. За историјата и традицијата на нашиот клуб, многу е важно да одиме на трофеј во сите натпреварувања во кои учествуваме. Среќни сме бидејќи со победнички менталитет и со пехар ќе влеземе во новата година“, изјави Анчелоти по вечерашниот триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА