Рома се мачи во италијанското првенство сезонава, па токму затоа многу значајно за „волчицата“ беше барем да тргне триумфално во Купот на Италија, за кревање на самодовербата пред наредните пресметки во шампионатот.
Римскиот клуб вечерва за противник во осминафиналето ја имаше Сампдорија, ривал што пулените на Клаудио Раниери рутински го добија со 4-1. Во главна улога беше Довбик, кој со два гола во раната фаза на мечот го скрши отпорот на гостите. На 3-0 уште во првото полувреме зголеми Балданци (24. минута), Сампдорија намали во вториот дел преку Јепес, но Шомудоров стави печат на победата со голот за конечни 4-1.
Многу посериозен предизвик за избраниците на Раниери ќе биде четвртфиналната пресметка во Купот на Италија, каде ги очекува гостување против екипата на Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА