Ливерпул славеше со 1-2 на гостувањето против Саутемптон, пласирајќи се во полуфиналето од англискиот лига-куп. Арне Слот ги одмори речиси сите стандардни првотимци, но „црвените“ и со комбиниран тим поведоа со 0-2 уште во првото полувреме, благодарение на погодоците на Дарвин Нуњез и на Харви Елиот.
Ливерпул делуваше во целосна контрола, но домаќините се наполнија со самодоверба по прекрасниот погодок на Арчер за 1-2 во 59. минута. Сепак, фаворитот и со уште неколку младинци кои влегоа во тимот во завршницата успеа да ја задржи минималната предност и заслужено да се пласира во следната фаза.
Њукасл ја оправда фаворитската улога против Брентфорд, триумфирајќи на домашен терен со 3-1. „Црно-белите“ целата работа ја завршија уште во првото полувреме, поведувајќи со 2-0 со головите на Тонали во 9. и во 43. минута. Њукасл потоа поведе и со 3-0 преку дефанзивецот Шар, а гостите успеаја само да го ублажат поразот преку Виса во судиското продолжение.
Учество во полуфиналето обезбеди и Арсенал по победата над Кристал Палас, а во последната четвртфинална пресметка утре ќе се сретнат Тотенхем и Манчестер Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА