Макс Ферстапен официјално доби нов колега во Ред Бул

Ред Бул по лошата сезона која ја имаше Серхио Перез се одлучи за промени во тимот и предвреме му го раскина договорот на мексиканскиот возач. Неговата замена од денеска офицјално е Лијам Лосон, младиот 22-годишниот возач од Нов Зеланд кој прикажуваше добри резултати во тимот на „Рејсинг Булс“.

Новиот возач на Ред Бул не го криеше задоволството од шансата која ја доби велејќи дека едвај чека да научи нешто ново од светскиот шампион Макс Ферстапен.

„Ми се исполни сонот кој го чекав цел живот. Отсекогаш сакав да станам возач на Ред Бул и тоа го правев од својата осма година. До сега ова беше едно неверојатно патување.

Многу сум возбуден што ќе работам заедно со Макс и ќе можам да учам од светски шампион. Не се сомнеавам дека имам многу да научам. Едвај чекам да почнеме“, изјави Лосон.

Се вчитува...