Тренерот на Елмас искрен: Лајпциг и натаму е многу далеку од Баерн Минхен

Марко Розе, тренерот на Лајпциг, каде што е член и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, рече дека неговата екипа и натаму заостанува многу зад гигантот Баерн Минхен, пред нивниот утрешен меѓусебен натпревар, што ќе биде последен во оваа година.

Баерн има моментално шест бода повеќе од четвртопласираниот Лајпциг, и ако го победи, практично ќе го отпише од битката за титулата.

„Во моментов сме далеку од Баерн, да бидеме искрени. Секогаш сум велел дека ако нашите играчи се фит, тогаш сум убеден дека можеме да направиме се. И затоа се надевам дека сите повредени ќе се опорават наскоро“, изјави Розе.

Се вчитува...