Акционерите на Валенсија го прекинаа состанокот во знак на протест против менаџментот. Според Ас, некои од акционерите на клубот присутни на Местаља скандирале „Оставка“ додека членовите на управниот одбор на клубот излегуваа од трибините на бината поставена на теренот.
Од трибините се бараше оставка од соптвеникот на клубот, Питер Лим, додека претседателот на одборот на директор Лиахонг Чан беше наречен „лажго“.
Како резултат на ова, состанокот на акционерите на Валенсија беше прекинат само 10 минути откако започна. Говорите на членовите на одборот на директори на клубот беа откажани, а учесниците веднаш започнаа со онлајн гласање на точките од дневниот ред.
Валенсија во моментов е на последното 20 место на табелата во Ла Лига.
➡️ Histórica la imagen. El Valencia CF es su gente y su afición. Jamás podrán destruir un sentimiento y una institución centenaria.
— Córner Che🦇 (@Corner_Che) December 19, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА