Ако не го продолжи договорот, Јувентус уште во јануари го продава Влаховиќ

Напаѓачот на Јувентус и српската фудбалска репрезентација Душан Влаховиќ (24) не успеал да преговара за нов договор со клубот, пренесува италијански CalcioMercato. Поради ова, веќе може да се продава оваа зима, и тоа по ниска цена.

Челниците на „Старата Дама“ бараат од Влаховиќ да прифати намалување на неговиот договор, според кое заработува 12 милиони евра годишно, што го прави најплатен играч во клубот.

Моментална вредност на Влаховиќ се проценува на 60 милиони евра, но може да биде продаден за многу пониска цена ако не ги договори условите и не потпише нов договор.

Оваа сезона одигра 20 натпревари и постигна 12 гола. Негтовиот актуелен договор е до 2026 година.

Се вчитува...