СТРАШНИ СЦЕНИ ВО АТИНА: Тешка повреда на Матијас Лесор (ВИДЕО)

Страшни сцени во третата четвртина од натпреварот меѓу Панатинаикос и Басконија во 17. коло од Евролигата. Францускиот центар Матијас Лесор доживеа тешка повреда која ги вознемири сите присутни во салата.

При дефанзивен доскок, Лесор излизга на паркетот при што очигледно страдаше неговата лева нога. Иако засега не се знае степенот на повредата, јасно е дека се работи за тешка повреда, ако се суди и според силните извици на болка од Французинот кои ја занемеа цела сала.

Лесор на крајот, на една нога отскока до соблекувалната а потоа, како што пренесуваат грчките медиуми, веднаш пренесен и во клинички центар на натамошни испитувања.

Панатинаикос во третата четвртина има +30 поени предност против Басконија. Во апсолутно добиен натпревар, се чини, непосакувана повреда на еден од најдобрите кошаркари во Евролигата.

Се вчитува...