Таткото на Јанис Тима: Таа донесе пекол откако влезе во нашите животи

Летонскиот кошаркарски репрезентативец, Јанис Тима денеска беше пронајден мртов во хостел во Москва, по извршено самоубиство поради депресија по разводот со неговата досегашна сопруга, украинската пејачка Ана Седокова која живееше и работеше во Москва.

Се самоубил поради депресијата во која се нашол по разводот со пејачката Ана Седокова. Двојката се разделила по четири години брак и Јанис чувствувал дека животот му е уништен поради тоа. Медиумите веќе објавија детали за нивната бурна врска, пред се поради начинот на живот на Седокова, за која убав збор нема ниту неговиот татко, Рајтис Тима.

„Ништо не знам за неа. Таа го донесе пеколот кога влезе во нашите животи. Прашајте ја неа“ – изјави тактото на Јанис, инаку кошаркарски тренер, притоа нагласувајќи дека таа успеала и да го раздели семејството.

„Не знам ништо за случајот се уште. Скршен сум, но не знам со кого би можел да разговарам. Три години имавме конфликти и ме блокираа од нивниот живот. Не знам ништо за нивниот однос, но знам дека тој однос беше ужасен и страшен“ – вели Рајтис Тима.

Се вчитува...