Пелистер немоќен пред Американецот Скот кој постигна неверојатни 53 поени за победа на Подгорица

Кошаркарите на Пелистер пред своите навивачи од Подгорица ги завршија своите настапи во АБА2 лигата сезонава. Во последното, шестто, коло во групната фаза, „пелистерци“ загубија со 74-93 од црногорскот тим.

Беше тоа рамноправен натпревар во Битола, се до последната четвртина која целосно им припадна на гостите.

Во последниот период од играта се влезе со предност на гостите од само седум поени, 60-67, но потоа одличен финиш на Подгорица за конечна победа од 74-93.

Најдобар поединец во македонскиот состав беше Бојиќ со 16 поени и пет скока, а Антоин заврши со 14 поени и четири скока.

Неверојатен во тимот на Подгорица беше Американецот Џошуа Скот кој мечот го заврши со 53 поени, дополнети со шест скока и шест асистенции.

Се вчитува...