Денеска во Гевгелија, на 78-годишна возраст, почина легендата на гевгелискиот и македонскиот фудбал, Петко Петков (Ташев) – Шеки.
Петков своите први фудбалски чекори ги започнал на 16 години во ФК Кожуф во Гевгелија. Во својата 17-годишна кариера освен за својот Кожуф, настапувал и за екипите на Победа од Прилеп, како и за велешки Борец.
Во кариерата на популарниот Шеки се беше подредено на бројот 500. Во 17 години професионална кариера постигнал повеќе од 500 голови за екипите за кои настапувал, има над 500 асистенции со одиграни 500 официјални фудбалски натпревари. Играчката кариера ја завршил во 1979 година, по што активно бил вклучен и во спортскиот живот во Гевгелија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА