Англиски голман почина откако бил претепен во ноќен клуб

Англиската фудбалска јавност вчера беше потресена по веста дека младиот голман Џејмс Хичкок починал во болница откако бил претепан во ноќен клуб.

Хичкок, член на Бартон, починал откако бил хоспитализиран по нападот од неколку лица во ноќен клуб. Заработи тешки повреди на главата кои биле кобни по неговиот живот.

Од Бартон потврдија дека голманот имал тешки повреди по кои лекарите не можеле да го спасат неговиот живот.

Се вчитува...