Новиот менаџер на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим синоќа и втор меч едноподруго се одлучи да го исклучи од тимот Маркус Рашфорд.
„Црвените ѓаволи“ се елиминирани од Лига купот по поразот од 4-3 од Тотенхем, во мечот во кој го немаше Рашфорд.
„Зошто го немаше? Избор на тимот. Чувствувам дека ја правам вистинската работа. Не мислам дека тоа беше грешка. Мора добро да ги одбираме играчите. Ги одбрав за овој меч играчите кои мислам дека се подготвени да се изборат со моите барања. Секогаш го правам само тоа што е најдоброто за тимот“ – истакна Аморим по синоќешниот меч.
Но, потенцираше дека Рашфорд во никој случај не е отпишан од Манчестер јунајтед.
„Секако дека не се откажувам од него. Тој е играч на Јунајтед. Утре имаме тренинг, а Маркус ќе биде таму. Подгответе се за следниот натпревар, а вие ќе го видите тимот“ – дополни тренерот на Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА