Хрватот Иван Јуриќ денеска и официјално ќе биде промовиран како нов менаџер на англиски Саутемптон.
По отказот од Рома, Јуриќ брзо пронајде за себе нов ангажман, наследувајќи го Расел Мартин на клупата на Саутемптон, кој доби отказ пред пет дена по домашниот пораз од Тотенхем.
Екипата на Саутемптон сезонава се врати во Премиерлигата, но никако не успева резултатски позитивно да се поврзе. Се наоѓа на последното место на табелата со само пет освоени бодови.
Јуриќ неодамна доби отказ од Рома во која имаше четири победи, три ремија и пет порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА