Легендарниот шпански фудбалер и поранешен шлен на Барселона, Жерар Пике го сподели своето мислење за трансферот на Луис Фиго во Реал Мадрид.
Португалскиот играч за врска во 2000 година ги изненади сите со трансферот од „Ноу Камп“ во Мадрид, со што и оние кои го поддржуваа, им нанесе тешка болка.
„Тогаш имав 13-14 години и тешко го поднесов тоа. Фиго беше идол на цела генерација. Таа година ја освои Златната топка. Тешко ми падна затоа што се сеќавам дека имаше изјава и рече дека останува. Веќе следната недела се појави во дресот на Реал Мадрид. Огромно разочарување, срцето ми се скрши“, изјави Пике.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА