Димитријевиќ одличен, Милано во „трилер“ поразен од Баерн Минхен

Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ и неговиот Милано во трилер меч загубија на домашен терен од Баерн Минхен со 78-79 во последниот натпревар од 17. рунда во Евролигата.

Гостите подобро го отворија мечот и по десет минути игра имаа двоцифрена предност од 14-26. Во продолжението Димитријевиќ и неговите соиграчи заиграа далеку подобро, па успеаја да го внесат натпреварот во неизвесна завршница. Таму Шејвон Шилдс не успеа да погоди шут за победа, па на крајот гостите славеа со 78-79. Димитријевиќ имаше одлична вечер постигнувајќи 11 поени, надополнети со два скока и четири асистенции. Најефикасен кај Милано беше Миротиќ со 18 поени, додека кај победникот Едвардс постигна 25 поени.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...